Канада воведува родово-неутрална „Х“ ознака на пасошите

Канаѓаните ќе можат да се идентификуваат како родово-неутрални на нивните пасоши веќе од денес. Борците за човекови права ги пречекаа измените во патните исправи со голем ентузијазам.

Канада станува првата држава во Северна и Јужна Америка која им дозволува на своите граѓани да ја користат „Х“ категоријата. Со ова, тие се приклучуваат на Австралија, Данска, Германија, Малта, Нов Зеланд, а додека пак Пакистан, Индија, Ирска и Непал, нудат различни трети опции.

„Сите Канаѓани треба да се чувствуваат безбедно, да живеат според нивните родов идентитет и да го изразуваат својот род како што сакаат“ изјави министерот за имиграција Ахмед Хусен. Тој додаде и дека со додавањето на родовата ознака „Х“, тие прават голем чекор напред во борбата за еднакви права за сите жители на Канада без разлика на нивниот родов идентитет.

Од друга страна, постои и страв дека лицата кои се декларираат со „Х“ ќе наидат на проблеми при влез во други држави.

„Навистина сум загрижена дека во држави како што се Уганда и Јамајка, каде што да се биде ЛГБТ е забрането со закон, како и постоењето на закони за кривично гонење на лица кои се декларираат како транс, овие лица можат да бидат подложени на арбитрарен притвор, деградирачки третман на аеродром и зголемен надзор.“ изјави Адриане Смит, имиграционен адвокат од Торонто која е специјализирана за правни прашања за транс* луѓето.