31 геј и би мажи спасени од Чеченија

Чеченскиот лидер, претседателот Рамзан Кадиров, е одговорен за „геј чистењето“ притоа нарекувајќи ги жртвите „ѓаволи“ и дека „не се луѓе“. Но некои добротворни организации им помагаат на луѓето да избегаат од Чеченија и Русија во држави за да одбегнат прогон. Една од нив е Rainbow Railroad која им помогна на 31 геј и би маж да избегаат среде „чистењето“ на ЛГБТ+ лицата во Чеченија.

Во петокот, Rainbow Railroad, објави дека им имаат помогнато на 31 лице да избегаат од Чеченија, со тоа што им посредиле итни визи за во Канада и им помогнале во нивните патни аранжмани.

Директорот на организацијата, Кимали Повел, допатувал во Чеченија за да ги поздрави бегалците додека им ги посредувале документите. „Ние бевме во можност брзо да реагираме и добивме одговор од канадската влада, затоа што сме една од ретките, можеби и единствена организација, која се фокусираше на пренесување на ЛБГТ+ лицата на безбедно“ изјави Повел.

До сега имаат избегано 70 лица кои се наоѓаат во безбедни куќи во Русија на Rainbow Railroad, а во контакт се и со 140 други личности во земјата.