Годишна конференција на ЕРА и Парада на гордоста во Црна Гора 20-23 септември 2017

На 20-ти септеври 2017 година во Подгорица се одржа второто годишно собрание на ЕРА – Асоцијација за еднакви права на ЛГБТИ луѓето во западен Балкан и Турција. На собранието се примија 15 нови членки, се изгласа новиот управен одбор кој сега го сочинуваат: Марија Вулетиќ, Биљана Гинова, Филип Коцевски, Кристијан Ранѓеловиќ, Даниел Калезиќ, Јелена Чолаковиќ и Јансет Калан. Сите измени и дополнување на документите на ЕРА беа прифатени без никакви забелешки.

На 21-ви и 22-ри септември во хотел Центревил се оддржа годишната конференција на ЕРА. Темата на конференцијата оваа година беше ”Empower ourselves, Challenge the system, Transform societies”. Беа оддржани три панел дискусии според трите теми во насловот на кои што говорници беа активисти од различни држави од организации што се занимаваат со ЛГБТИ проблематика. Во останатото време се работеше по методот “Open space technology”, каде што самите учесници предложуваа теми и држеа предавања.

По завршувањето на конференцијата на 23-ти септември се оддржа 5-тата по ред Парада на гордоста во Црна Гора. Слоганот на годинешната Парада беше “Čojstvom protiv nasilja”. Парадата помина без никакви инциденти, а се проценува дека учество зедоа околу 300 учесници. За прв пат оваа година полицајци во униформа се придружија како учесници на Парадата.