Советот на Европа ја донесе првата резолуција за правата на интерполовите луѓе

Советот на Европа донесе резолуција за човековите права на интерполовите (intersex) луѓе. Ова е прва резолуција за правата на интерполовите луѓе од европската меѓувладина институција.

„Доминантниот медицински став е дека телата на интерполовите деца мораме да ги прилагодиме на машко или женско, често преку хируршки и / или хормонски интервенции; дека ова мора да се направи при најраната возраст; а потоа децата треба да се растат во родот доделен на нивното тело “, се вели во резолуцијата.

“Парламентарното собрание на Советот на Европа смета дека ваквиот пристап претставува сериозно нарушување на физичкиот интегритет, во многу случаи кај многу мали деца кои не можат да дадат согласност и чиј родов идентитет сеуште не е познат. Таквата практика се спроведува и покрај фактот дека не постојат докази за долгорочен успех на ваквиот третман “.

Оттука, резолуцијата јасно дефинира што треба да преземат владите за да се заштитат правата на интерполовите луѓе:

  • да се забранат непотребните медицински нормализирачки операции на децата, како и други форми на интервенција кај децата кои не можат да дадат согласност,
  • да се осигури дека, освен во случаи кога животот на детето е во опасност, секој третман чија цел е промена на половите карактеристики на детето, ќе се одложи до моментот кога едно дете може да учествува во донесувањето одлуки во неговото или нејзиното тело,
  • да им обезбеди на сите интерполови луѓе соодветна поддршка од специјализиран, мултидисциплинарен тим кој применува холистички пристап,
  • да се обезбеди пристап до здравствена заштита на интерполовите луѓе во нивниот живот,
  • да се обезбеди пристап на пациентот до својата медицинска историја
  • да се обезбеди сеопфатно образование за оваа тема на целиот медицински, психолошки и друг персонал и јасно да се дефинира дека интерполовите тела се резултат на природна варијација во половиот развој и, следствено, не е неопходно да се модифицираат.

Резолуцијата, исто така, ја нагласува важноста од подигнување на свеста која е неопходна за интерполовите луѓе да бидат целосно прифатени во општеството без стигматизација и дискриминација.