Американскиот суд ја отфрли предлог забраната за транс* луѓе на Трамп да не можат да служат војска

Судот го отфрли предлогот од администрацијата на Трамп за продолжување на забраната за транс* лица во војската, додека пак, Пентагон се согласи да започне со прифаќање транс* војници за неколку недели.

Доналд Трамп на почетокот од оваа година, на Твитер, објави дека на сите транс* луѓе ќе им биде забрането да бидат дел од американските вооружени сили, тврдејќи дека тие се товар на војската. Сепак, забраната беше брзо поништена од страна на судовите по низа законски битки.

Администрацијата на Трамп оваа недела побара итна наредба за да му дозволи да продолжи со забраната на транс* персоналот, откако судијата на Вашингтон одлучи дека на транс* војниците мора да им биде дозволено да се приклучат на војската од 1-ви јануари 2018-та година. Сепак, понудата беше отфрлена од страна на Сојузниот окружен суд во Вашингтон вчера, отворајќи го патот за транс* војници да бидат прифатени од следниот месец.

Освен ако Врховниот суд не се вмеша, сега војската ќе мора да дозволи пријавување, почнувајќи од 1-ви јануари.

Портпаролот на Пентагон, мајорот Дејвид Истбурн, потврди за TIME (магазинот) дека ангажирањето на транс* регрути ќе започне на 1 јануари и ќе продолжи во време на правните битки.