Процена на потребите на ЛГБТ луѓето во Македонија

Целта на ова квалитативно истражување беше да се добие сеопфатна процена на себе-идентификуваните потреби на ЛГБТ заедницата во Македонија кои се поврзани со областите на здравството, образованието, економските можности, вдомувањето и обезбедувањето услуги. Дополнително, беа вклучени прашања за кохезија на заедницата, учество во заедницата и обидите за активизам. Истражувањето беше спроведено од Кристефер Стојановски,  магистер по јавно здравје и докторанд на здравствено однесување и здравствено образование на Универзитетот во Мичиген, САД, Викторија Бондиќова – Координаторка на програма за истражување и политики при Субверзивен фронт, и Диара Брукс, студентка по психологија на Универзитетот во Мичиген, САД. Истражувачкиот извештај може да се преземе овде: Без закони, сè е џабе, Истражувачки извештај, С-Фронт 2017