Градоначалничката на Барселона направи coming out на телевизија

Ада Колау Балано седна на интимно интервју со ТВ-презентерот Хорхе Хавиер Васкез на 9-ти декември. Градоначалничката на Барселона зборуваше дека била во врска и со мажи и со жени на телевизија во Шпанија.

 

Васкез е популарен шпански телевизиски презентер. Тој беше гостин судија за Got Talent España (Имате талент Шпанија) во Шпанија во 2016-та година. Тој исто така е домаќин на Gran Hermano (Големиот брат). Презентерот е отворено геј.

Ада Колау Балано стана првата жена градоначалник на Барселона на 13 јуни 2015 година.

Ада Колау објасни во интервјуто: “Најпрвин имав дечко, а потоа и девојка. Ги имав и двете многу години“. Таа објасни дека запознала една жена додека кратко студирала во Италија. Колау и италијанската жена биле во врска неколку години и нивниот однос бил “многу важен” за Колау.

Градоначалничката рече дека нејзиното семејство ја прифатиле и дека “тоа е совршено нормално”.

Таа продолжи: “Имавме многу геј пријатели. Тоа беше дел од нормалноста на нашето опкружување “.

Васкез ја праша Колау дали мисли дека со нејзиниот coming out ќе си наштети на кариерата. Колау рече дека “дури и не размислува за тоа”. Таа додаде: “Ние живееме во современо општество каде што секој може да го сака оној што го сака, истовремено почитувајќи ги другите”.

Подолу можете да го погледнете интервјуто.