Меѓуамериканскиот суд за човекови права им наложи на 16 држави да ги легализираат истополовите бракови

Меѓуамериканскиот суд за човекови права им наложи на 16 земји да ги легализираат истополовите бракови, додека пак во една од овие земји, Барбадос, геј сексот сѐ уште е криминализиран.

Оваа наредба, од страна на Меѓуамериканскиот суд за човекови права, се смета за “најголемиот судски налог поврзан со истополови бракови во историјата”.

МСЧП исто така пресуди дека во земјите мора да им биде овозможено на транс луѓето законски да го променат својот пол без претходна операција. Панелот од седум судии изјави дека земјите кои ги надгледува, главно во Латинска Америка и Карибите, паровите од истиот пол мора да се третираат “без дискриминација”.

Владите на државите “мора да ги признаат и да ги гарантираат сите права што произлегуваат од семејна врска меѓу лица од истиот пол”, изјавија судиите.

МСЧП врши надзор над 20 земји: Аргентина, Барбадос, Боливија, Бразил, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Ел Салвадор и Гватемала. Тие, исто така, ги надгледуваат законите на Хаити, Хондурас, Мексико, Никарагва, Панама, Парагвај, Перу, Доминиканска Република, Суринам и Уругвај.

Истополовите бракови веќе постојат во Аргентина, Бразил, Колумбија, Уругвај и во многу држави во Мексико, додека пак во Чиле и Еквадор постојат граѓански партнерства.

Аргентина, Боливија, Бразил, Колумбија, Костарика, Еквадор, Ел Салвадор, Гватемала, Мексико, Перу и Парагвај веќе донесоа закони кои им дозволуваат на транс* луѓето правно да го променат својот пол без операција.

Ова значи дека уште 11 земји мора да усвојат закон за правата на транс* луѓето.