Софискиот управен суд одби да го признае истополовиот брак меѓу две Бугарки склучен во Велика Британија

Софискиот управен суд ја отфрли жалбата на една млада жена со иницијали Д.К. против одбивањето на софиската општина да го признае бракот кој таа го склучила со друга жена во Велика Британија. Ова стана познато во јавноста откако одлуката ја соопшти, на 8-ми јануари, судијката Снежанка Кјосева.

Д.К. и Лилија Бабулкова стапиле во брак на 15-ти ноември 2016 година. Неколку месеци подоцна, Д.К. поднела барање до софиската општина, нејзиниот брак да се одрази на нејзината лична карта и да го одразува нејзиниот сегашен брачен статус, т.е. “оженета”. Институцијата го одбила барањето под изговор дека станува збор за ист пол.

Според судот, за да биде во Бугарија регистриран бракот тој треба да биде склучен според бугарските закони, т.е. да е помеѓу маж и жена. Покрај тоа, судот сметаше дека признавањето на бракот меѓу двете Бугарки ќе биде спротивно на јавниот ред во Бугарија.

“Главната причина да се венчаме е за да имаме деца”, вели Лилија Бабулкова. “Сакаме да имаме документ кој делува како осигурување во случај нешто лошо да се случи на една од нас. Многу луѓе не сфаќаат дека ова правно решавање ги штити децата ако се случи непријатна ситуација со едниот родител – при правни нерегуларности, тие го губат и другиот родител. Го направивме тоа со јасна цел дека бракот ќе има повеќе значење низ времето, бидејќи нема начин како да се признае тоа автоматски кај нас, но барем имаме од каде да почнеме. Сметавме дека правиме поголем правен прекршок доколку ние не го регистрираме бракот во Бугарија, отколку ако го регистрираме”.

Останатиот дел од интервјуто можете да го прочитате на следниов линк.