Трамп ќе им овозможи на здравствените работници да одбиваат давање на услуги на ЛГБТИ лица

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ја разгледува можноста за практикување на „верска слобода“ со што би им овозможиле на здравствените работници да одбиваат третмани на ЛГБТИ луѓето. Овој потег, исто така, ќе им овозможи на здравствените работници да одбијат извршување на абортуси кај жените, како и други услуги кои се спротивни од нивните религиски уверувања.

Овој закон ќе овозоможи создавање на посебна група при канцеларијата за граѓански права, која ќе има за задача да им овозможи на здравствените работници да добијат дозвола за дискриминација. Групата, исто така ќе биде и одговорна за теренска и техничка поддршка на религиозните организации што се спротивставуваат на ЛГБТИ правата и абортусот.

Минатата администрација на Барак Обама, ги поништи правилата од ерата на Буш кои им овозможуваа на здравствените работници да ги цитираат своите верски убедувања за да одбијат давање на нега. Правилата беа користени како оправдување при одбивањето на третмани за плодност кај лезбејските парови и одбивањето на возачот на амбулантното возило да ја однесе транс* жената во болницата. Жената почина пред да пристигне на лекар.

Измените се очекуваат да бидат објавени оваа недела.