Речиси половина од транс* луѓето биле жртви на злосторства од омраза минатата година

Минатата недела Stonewall, во соработка со маркетинг агенцијата YouGov, го објавија својот годишен  извештај за транс* луѓето во Велика Британија. Според извештајот, транс* луѓето во Велика Британија се соочуваат со високо ниво на дискриминација и злосторства од омраза во нивните домови, работни места како и во секојдневието.

Ова истражување, во кое имаат земено учество 871 транс* и не-бинарни луѓе од Велика Британија, открива дека британската транс* заедница не се чувствува безбедно.

Најшокантното откритие во извештајот е дека 41% од транс* луѓето биле жртви на злосторства од омраза во изминативе 12 месеци. Тоа претставува речеси двојно од бројот на злосторства од омраза со кои се соочуваат ЛГБ луѓето. Стравувајќи од дискриминација, 51% од транс* луѓето го кријат својот родов идентитет на работното место.

Покрај дискриминацијата на работните места, 25% од транс* луѓето пријавиле дека се соочиле со дискриминација при потрагата на живеалиште, 34% биле дел од дискриминација на јавни места (кафулиња, ресторани, барови и тн.) и речиси половина (48%) од транс* луѓето избегнуваат да користат јавни тоалети стравувајќи од дискриминација и малтретирање.

Извештајот можете во целост да го прочитате тука.