Али Ерол, еден од водечките ЛГБТИ активисти во Турција и еден од основачите на турското здружение Kaos GL, беше притворен во петокот наутро, за време на полициската акција во куќата која ја дели со својот партнер.
LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey’s press release on detention of our co-founder Ali Erol
Batı Balkanlar ve Türkiye’deki LGBTİ örgütlerini bünyesinde toplayan çatı örgüt Eşit Haklar Derneği’nin açıklamasıhttps://t.co/MA5qkQUBcj pic.twitter.com/2SH9tcAFdk— Kaos GL (@KaosGL) February 2, 2018
Во прилог, известувањето до медиуми испратено од Kaos GL:
„Иако не постојат јасни информации за причините на неговиот притвор, адвокатите велат дека неговите ставови на социјални медиуми биле вклучени во налогот за притвор. Притвор на многу луѓе во Анкара неодамна се спроведува со полициски рации во домовите на луѓето, каде што се наведуваат активностите на нивните социјални медиуми како главни причини.
Али Ерол е водечки ЛГБТИ активист во земјата и странство. Во 1994-та година тој се приклучи на првичниот тим кој го објави магазинот KAOS GL, а подоцна и беше дел од основањето на самата организација. Во 2013-та година тој беше добитник на наградата „David Kato Vision and Voice“.
URGENT RELEASE
Our press release on detention of our co-founder Ali Erol. pic.twitter.com/SJ0R7DLl4O— Kaos GL (@KaosGL) February 2, 2018
Притворањето на Ерол, уште еднаш го покажува степенот на слобода на изразување во Турција. Овој настан, исто така, ја следи и “забраната на ЛГБТИ настани на неопределен период” од гувернерот на Анкара во ноември 2017 година. Сите овие активности ги откриваат зголемените пречки и притисок против каква било форма на ЛГБТИ активизам и застапување на правата.“
Субверзивен фронт се приклучува на повикот на ЛГБТИ активистите од КАОС ГЛ и низ цела Турција, барајќи итно ослободување на Али Ерол, нагласувајќи уште еднаш дека слободата на изразување е основно човеково право и дека ЛГБТИ правата се човекови права.