Европскиот парламент ги осудува нападите врз правата на ЛГБТИ луѓето во Турција

Во резолуцијата усвоена на 8ми февруари, Европскиот парламент ја истакна својата загриженост за влошената ситуација на човековите права во Турција, вклучувајќи ги и човековите права на ЛГБТИ луѓето.

Резолуцијата ги повикува турските власти да ја укинат неограничната забрана за настани, организирани од ЛГБТИ организациите, донесена од канцеларијата на гувернерот на Анкара на 19 ноември 2017 година. По изјавата на гувернерот, другите региони во Турција, исто така, ги забранија ЛГБТИ настаните.

Овие забрани се случија во контекст на честите ограничувања на правата на ЛГБТИ луѓето, како што е забраната за Паради на гордоста низ земјата од страна на турските власти – вклучувајќи ја Истанбулската Парада на гордоста во 2015, 2016 и 2017 година.

Европскиот парламент потсети дека таквите забрани се во грубо кршење на правото на слобода на изразување и слобода на јавно собирање, кое што е загарантирано и со турскиот закон и со меѓународното право.

Во текстот конкретно се споменува случајот на Али Ерол, борец за ЛГБТИ права во Турција, кој беше притворен на 2 февруари 2018та година без конкретни обвиненија и беше ослободен после 5 дена.