Џереми Корбин изјави дека истополово сексуално образование треба да се воведе во училиштата

Џереми Корбин изјави дека треба да се воведе во училиштата истолово сексуално образование .Лидерот на Лабуристичката партија во Англија го даде предлогот за време на својот разговор со “Геј Тајмс” и во ЛГБТК подкастот “Хомо сапиенс”, чиј домаќин е пејачот Вил Јанг и музичкиот режисер Крис Свини, како дел од месецот посветен на ЛГБТ историјата.

Ова следува после извештаите дека новиот државен секретар за образование, Демијан Хиндс, изгледа ги отфрли таквите планови кои претходно беа поддржани од неговата претходничка Џастин Грин.

Корбин рече дека сексуалното образование треба да биде повеќе за односите и врските, без оглед на сексуалните избор, како и за опасностите од експлоатација од страна на партнерот.

Тој изјави: „Сексуалното образование треба да го вклучува и истот пол, како и кај хетеросексуални односи – станува збор за врски и односи. Преголем дел од моменталното сексуално образование не се однесува на односите и разбирањете, меѓусебно почитување и она што е вистинска врска и што е експлоатационен однос. Тоа им дава на младите луѓе самодоверба да разберат дека љубезниот однос е нешто што треба да се негува и да се гордеете со тоа.“

Во интервјуто кое ќе биде објавено на 23-ти февруари во Хомо Сакиенс Extra, тој исто така зборуваше за хомофобија во Велика Британија и за омразата против малцинствата во време кога Доналд Трамп стана претседател на САД.