Европскиот парламент за прв пат зазема став против ЛГБТИ конверзиската терапија

На 1ви март 2018, Европскиот парламент го присвои својот годишен извештај за положбата на фундаменталните права во Европската Унија. Во извештајот се изјавува како фундаменталните права биле имплементирани во Европската Унија во 2017, и што уште мора да се стори за да се постигне со стандардите кои биле зададени од Повелбата за фундаментални права.

Годишниот извештај содржи силна содржина за ЛГБТИ правата, како и осудувајќи ги сите форми на дискриминација спрема ЛГБТИ луѓето (параграф 62).

Извештајот особено содржи клучни провизии за улогата на образованието против ЛГБТИ-фобијата (параграф 60). Исто така ја осудува патологизацијата врз транс лицата и повикува кон процедури за легално родово препознавање, кои би биле брзи, достапни, и транспарентни (параграф 64).

Понатаму, парламентот ја реафирмираше потребата на борба против дискриминација насочена кон интерсекс лица, особено кон така-наречените „полово нормализирачки“ операции, кои се медицински непотребни (параграф 66).

Парламентот исто така повика за предлагање на Хоризонтална директива, која се’ уште е блокирана во Европскиот совет (параграф 50). Оваа директива би ги штитела граѓаните на Европската Унија против дискриминација заснована на сексуална ориентација во сите полиња од животот, вклучувајќи го образованието, и обезбедувањето на добра и услуги.

Амандманот поднесен од „Европските Зелени“ (Greens) и „ГУЕ/НГЛ“ (GUE/NGL), беше усвоен од мнозинство 422-159 (со 45 воздржани), повикувајќи ја Комисијата и земјите-членки да гарантираат слобода и движење за двојки од ист пол и нивните семејства (види амандман 7).

Европратеничката Тери Рајнтке (Terry Reintke), копретседателка, и европратеничката Малин Бјорк (Malin Björk), потпретседателка на ЛГБТИ интергрупата, рекоа: „И покрај големиот напредок во многу земји во текот на последната деценија, дискриминацијата кон ЛГБТИ луѓето се’ уште е реалност во Европската Унија. ЛГБТИ луѓето треба да бидат ослободени од дискриминација, малтретирање и насилство.

Треба да се гарантира за нивните права кон самоопределување и да се заштити нивниот телесен интегритет. Овој извештај прави клучна проценка за заштитата на основните права во Европската Унија. Сега сметаме на Европскиот совет и на Европската комисија да продолжат да работат на обезбедувањето и заштитата на правата на ЛГБТИ луѓето во сите области од животот.”

Со уште еден усвоен амандман, Парламентот за првпат ја осудува праксата на ЛГБТИ конверзиска терапија со големо мнозинство (435 +, 109 -, 70 o) (види амандман 8).

Потпретседателот на Интергрупата за ЛГБТИ во Европскиот парламент, Серпа Пјетикаинен (Sirpa Pietikäinen), коментираше: “Во моментов, само Велика Британија, Малта и некои региони во Шпанија експлицитно имаат забрането ЛГБТИ конверзиска терапија. Комитетот на Обединетите нации против тортура, Комитетот за елиминација на дискриминацијата против жените, и Комитетот за човекови права, веќе ја осудија практиката на конверзиска терапија во неколку земји.

Денес, за прв пат, Европскиот парламент зазема став против ЛГБТИ терапии за конверзија. Овој извештај е пример за тоа како Европската Унија може да биде во првите редови на борбата за основни права.”