Намалување на нееднаквостите во здравствениот систем со кои се соочуваат ЛГБТИ лицата

„Отидов на очно и побарав да ми се обраќаат со машки заменки, како што е на пример „тој“. Кога дојдов, постојано велеа „тој”. Потоа, прочитаа „таа” во моите документи и тоа беше тоа. Ми се обраќаа со „таа” до крајот на мојата посета, се чувствував ужасно…“

Ова е само еден вид пример од дискриминација и стигма со која ЛГБТИ луѓето можат да се соочат кога пристапуваат до здравствена заштита. Посетувањето на медицински професионалец може да биде стресно искуство во секој случај, нели? Но, кога ќе додадете ваков вид на негативно искуство во мешавината, може да биде уште полошо.

Последните две години, ИЛГА-Европа работат на Health4LGBTI (Здравство за ЛГБТИ) – проект за истражување на здравствените потреби и предизвиците со кои се соочуваат ЛГБТИ луѓето. Тие, исто така, ги имаат разгледано бариерите со кои се соочуваат здравствените работници при обезбедувањето грижа за ЛГБТИ луѓето.

Од 1 и 2 февруари, завршната конференција на проектот Health4LGBTI се има одржано во Брисел. Учествувале 130 учесници, вклучувајќи ги и политичките креатори од министерствата за здравство на 16 земји-членки на ЕУ, претставници на ЛГБТИ организации, претставници на Светската здравствена организација и претставници на ЕУ, чадор групи и здравствени и анти-дискриминаторски мрежи.

Оваа конференција ќе ги започне првите модули за обучување за здравјето на ЛГБТИ луѓето, што никогаш досега се нема случено на европско ниво, откако истото беше тестирано во шест земји на ЕУ (Бугарија, Италија, Полска, Литванија, Белгија и Велика Британија). Покрај тоа, ќе бидат презентирани и наодите од најсовремената студија за здравјето на ЛГБТИ луѓето и од фокус групите (каде се зборуваше за бариерите со кои се соочуваат ЛГБТИ луѓето и здравствените работници).

ИЛГА-Европа беше дел од конзорциумот за проектот, заедно со партнерите од АУИ-Верона (Италија), Универзитетот во Брајан (Велика Британија), Националниот институт за јавно здравје – Националниот институт за хигиена (Полска) и EuroHealthNet.

Најсовремената студија и фокус групата потврдија дека ЛГБТИ луѓето продолжуваат да се соочуваат со бариери и дискриминација во областа на здравството, кои имаат влијание врз нивното здравје. Цитатот на самиот почеток на овој блог не беше фикција – тоа беше сведочењето на ЛГБТИ лицето кое разговараше со фокус групата Health4LGBTI.

Исто така, се покажа дека постои недостиг на истражување кон специфичните здравствени потреби на транс и интерполовите лица и недоволно застапените ЛГБТИ луѓе (кои се хендикепирани, млади, постари, мигранти итн).

Покрај тоа, здравствените работници се чини дека немаат доволно знаења и културни вештини за здравствените потреби на ЛГБТИ луѓето. Овие наоди биле искористени за развивање на модулите на обуката, наменети за сите здравствени работници, вклучувајќи вработени на рецепција, психијатриски специјалисти, хирурзите или гинеколозите.

Во наредните неколку месеци, ИЛГА-Европа ќе работи на дисеминација на модулите за обука. Меѓутоа, со обезбедувањето на обука за здравствените работници не е завршена работата.
Наодите на проектот укажуваат на начините за креаторите на политиките по кои би се движеле напред, со истите можат да постават мерки со кои ќе се осигура дека ЛГБТИ луѓето имаат пристап до здравствена заштита која ги задоволува нивните здравствени потреби – услуги кои се насочени кон пациентот, се соодветни и инклузивни.

 

Извор: ИЛГА Европа