Повик за учество во Младински клуб

Почитувани,

Во склоп на проектот „Градење на капацитети на младински работници во областа на младинска работа со ЛГБТИ луѓе“ спроведен од Grupa IZAĐI од Србија, во партнерство со Субверзивен фронт, финансиран од Еразмус+ програмата, тимот на Субверзивен фронт објавува повик за учество во младински клуб кој ќе почне со работа од април 2018 и ќе заврши во октомври 2018 година.

Истиот ќе работи на следните темите: ССО (сеопфатно сексуално образование), род, говор на омраза – наративи, контранаративи, алтернативни наративи, и ментално здравје. Во делот на ССО ќе се работи според програмата на ХЕРА предвидена за ССО едукации, а останатите работилници ќе бидат работени по програмски материјали од Советот на Европа. Во склоп на овој клуб ќе се одржат од 10-15 работилници во текот на годината од април до октомври – истите во однос на терминот(ите) ќе бидат договорени на првата работилница. Првата, како и останатите работилници, ќе бидат од времетраење на 2 до 2.5 часа.

Првата работилница ќе се одржи на 23.04.2018 (понеделник) од 16:00 часот. Просторот на работилницата ќе биде дополнително доставен до пријавените учесници по мејл, најдоцна до 22.04.2018 (недела).

Пријавувањето ќе трае до 21.04.2018 година и можете да се пријавите на следниот линк.

*ПРИЈАВЕНИТЕ МОРА ДА БИДАТ НА ВОЗРАСТ ОД 18 ДО 30 ГОДИНИ.

За повеќе информации можете да не’ контактирате на spetrovski@s-front.org.mk и aivanova@s-front.org.mk.