Транс тинејџер жртва на напад во Белград

Невладината организација „ЕГАЛ“ денеска соопшти дека неколкумина непознати тинејџери претепале малолетен транс маж во Белград (В.Ј. 17) и негови двајца другари – нанесувајќи им тешки телесни повреди.

Според соопштението, нападот се случил во недела навечер кога В.Ј. излегол од еден бар на Бранкова улица со неговите двајца другари.

Три личности на возраст од 16 до 17 години почнале да им дофрлуваат – соопштуваат од ЕГАЛ: „Што си ти лезбејко, што ти е тоа во гаќите?!“, на што В.Ј. не им одговорил; при што еден од напаѓачите му се приближил и го удрил по глава, додека еден од другите по грб.

Продолжиле да го тепаат, при што паднал на бетонот и во тој момент почнале да го клоцаат по целото тело, меѓу што, еден го клоцнал во лице.

В.Ј. на полицијата рекол дека од навредите сфатил дека знаеле дека е транс лице, и додал дека може да ги препознае – ако дојде до тоа.

„ЕГАЛ бара од полицијата овој случај да се реши и сторителите да бидат приведени. Возраста на напаѓачите на В.Ј. не ги ослободува од одговорноста за таквото однесување, а државата е должна да ги заштити сите свои граѓанки и граѓани, без оглед на личните својства, и да им обезбеди правна сигурност и правен лек. Потсетуваме дека во текот на изминатата година во Белград беа претепани неколку транс лица и дека немаше затворен случај“, вели соопштението.

ЕГАЛ, за крај додаде дека В.Ј. е веќе четири години во медицинска процедура во промена на полот.

 

Извор: Beta.rs