Предлог-законот за регистрирано партнерство меѓу лица од истиот пол во Црна Гора предвидува дека паровите ќе можат заеднички да се грижат за детето/цата во прашање на нивниот партнер, доколку имаат.
Овој предлог-закон од страна на работната група вели дека „партнер кој не е родител на дете е должен да ги поддржи детето/цата на својот/та партнер/ка ако нема роднини кои се подложени на семеен закон или немаат други членови на семејството.”
Оваа обврска за партнерот/ката постои и по смртта на родителот на детето, при што партнерот/ката нема можност да го посвои, освен во ситуации кога роднините на детето одбиваат да го прифатат (во случај кога се малолетници) – соопштува порталот Мондо.
Понатаму, во итни случаи, ако детето е во непосредна опасност, партнерот/ката има право да донесе итна одлука да ги преземе неопходните дејства во согласност со интересите на детето и веднаш да го извести родителот/ите.

Законот нема да ги препознае нерегистрираните партнерства меѓу лица од ист пол.
Секојдневните одлуки поврзани со детето/цата може да ги направи партнерот/ката, заедно со родителска согласност, предлог-закон кој наскоро треба да биде усвоен од страна на владата, а потоа да биде доставен до Собранието на усвојување. Но, бидејќи ова е предлог-закон, текстот е подложен на промени.
Предложениот предлог-закон е задоволен од претставниците на Владата, но и со невладините организации вклучени во изготвувањето на предлог-законот. Како и во Хрватска, партнерството со регистрираниот партнер/ка го спроведува матичарот/ката во присуство на сведоци или кумови, а партнер(к)ите можат да го променат нивното презиме или да додадат уште еден/но.
Идниот закон нема да ги препознае нерегистрираните истополови партнерства, како што е и во случајот со хетеросексуалните вонбрачни заедници.
Превземено од: Crol.hr