Повик за нови членови во нашиот кошаркарски тим

Во склоп на проектот “Кон отворен пристап за ЛБТ жени во спортските игри” Субверзивен фронт ги повикува сите заинтересирани да ни се придружат во нашиот кошаркарски тим. Целта на овој проект е преку спорт да ја зајакнеме ЛБТ заедницата како и да ја зголемиме видливоста за проблемите кои ги имаат ЛБТ спортистките во професионалниот спорт.

Кон крајот на месец август ќе организираме летен камп за 15 луѓе кој ќе трае 3 дена и таму ќе може да научите нешто повеќе за состојбата со ЛБТ правата поврзани со спортот, ќе може да се запознаете со другите членови, да се дружите и секако да изиграме некоја партија баскет.

Од септември ќе почнеме со тренинзи еднаш неделно во Скопје, а во текот на годината исто така ќе организираме два натпревари што ќе се одржат надвор од Македонија (Белград и Подгорица), каде што ќе учествуваат 7 луѓе.

Може да се пријавите на следниот линк.

За повеќе информации може да нè контактирате на contact@s-front.org.mk или на тел. бр. +389 2 609 0779.

Овој проект е поддржан од ПланетРомео фондацијата.