Квир Олимпикс – Истанбул 2018

Ова лето имавме чест да учествуваме на вториот турнир наречен Квир Олипикс организиран од Атлетик Дилдоа во Истанбул, Турција. Турнирот траеше од 10-13 август, а се играа следниве спортови: фудбал, одбојка на плажа, штафетно трчање, брзо одење и скок во далечина. Во текот на овие 3 дена исто така имаше и неколку различни работилници, некои од нив беа: запознавање и размена на искуства, јога, фризби, танц, работилница за знаковен јазик, работилница за самоодбрана.

На игрите учествуваа 10 екипи од кои 9 беа од Турција и 1 беше интернационална екипа, каде што учествувавме ние, учесници од Србија, Холандија и Шпанија.

Голема благодарност до организаторите што ни дозволија да учествуваме на овој турнир и се надеваме догодина ќе бидеме во поголем број.