ЛБТ Летен кошаркарски камп

Датум: 24-26 август 2018

Место: Хотел Десарет, Охрид, Република Македонија

Учесници: 15 учеснички од Скопје

ПРОГРАМА:

24 август

14:00 – 18:00 Пристигнување

19:00 – 20:00 презентација на нашата организација и програмата

20:00 – 21:00 Вечера

25 август

07:00 – 09:00 Доручек

09:30 – 10:15 Претставување и игри за запознавање

10:15 – 11:15 Кратка историја на ЛБТ жени во спортот

11:15 – 11:30 Кафе пауза

11:30 – 13:00 Групна работа (Организирање на заедницата “Споделување на идеи за како да ја зајакнеме заедницата”)

13:00 – 14:00 Ручек

14:00 – 16:00 Време за на базен (дружење)

16:30 – 19:00 Работилница за баскет и баскет натпревари

19:00 – 21:00 Вечера

26 август

07:00 – 09:00 Доручек

09:00 – 11:00 Баскет натпревари

12:00 Напуштање на хотелот

13:00 – 17:00 Посета на градот Охрид и ручек

17:00 Заминување

Летниот камп се одржа во близина на една од најпознатите дестинации во Македонија, Охридското Езеро. Хотелот во кој престојувавме беше оддалечен 14 км од главниот град. Вкупно 15 лица учествуваа со возраст од 20 до 42 години. Кампот траеше 3 дена, од 24-ти попладне до 26-ти попладне.

Првиот ден учесници пристигаа помеѓу 14:00 часот и 18:00 часот. Откако сите пристигнаа, имавме кратка сесија за презентација на нашата организација и програмата на кампот.

Вториот ден беше полн со активности. Пред ручекот, имавме работилница во два дела. Првиот дел беше презентација на кратка историја на ЛБТ жени во спортот во Македонија, а вториот дел беше работилница за групна работа каде што сите даваа идеи за тоа како можеме да ја зајакнеме ЛБТ заедницата. По ручекот, имавме време за посета на базенот за учесниците да се релаксираат и да се запознаат едни со други подобро. Во попладневните часови ја имавме првата кошаркарска работилница. Работилницата ја одржа нашата пријателка којa е поранешена кошаркарка. Таа на другите учеснички им ги објасни правила на играта и им покажа некои основни потези. За жал кога заврши кошаркарската работилница, почна да врне дожд, па не можевме да ги завршиме натпревари и продолживме со групна работа во внатре во хотелот. По вечерата, денот заврши со дружење во хотелот и играње групни игри како мафија, сон, итн..

За среќа, последниот ден беше сончев, така што имавме уште една сесија на кошаркарски натпревари пред да го напуштиме хотелот и да прошетаме низ градот Охрид.

Сите учесници беа навистина среќни да присуствуваат на овој летен камп и изразија дека е забавно и едукативно искуство за нив. Единствената забелешка што ја имаа беше дека кампот е премногу краток. Сите тие сега се заинтересирани да присуствуваат на нашите следните активности и кошаркарски натпревари.