Владата на Федерацијата БиХ чекори напред кон правно признавање на истополовите заедници

На денешната седница, Владата на Федерацијата БиХ (еден од ентитетите во БиХ) ја усвоила информацијата на Федералното министерство за внатрешни работи со барањето за упис на податоци во матичната евиденција кои се однесуваат на животните заедници на истополовите парови.

На предлог од Федералното министерство за правда, Владата ќе назначи меѓуресорска работна група која ќе ги анализира прописите во чии рамки, истополовите парови може да ги остваруваат правата од нивната животна заедница која произлегува од Европската конвенција за човековите права и спогласно анализата, ќе предложи прописи кои е потребно да се донесат на подрачјето на Федерацијата БиХ.

Оваа одлука беше поздравена од Сараевскиот отворен центар – една од ЛГБТИ организациите во Босна и Херцеговина. Според наодите од нивното истражување од 2017-та година, 80% од истополовите парови во БиХ сакаат да склопат животно партнерство, но нивните стабилни емотивни и економски заедници, а и заеднички живот не се препознаени од страна на државните институции.

Извор: Klix.ba