Уругвај усвои транс-инклузивно законодавство врз основа на правото на самоопределување

На 19-ти октомври, Конгресот на Уругвај го одобри законот за обезбедување права на трансродовите заедници. Законот веќе беше одобрен од Сенатот и беше одобрен од Долниот дом.

Законот им дава на поединците право да ја реализираат операцијата на потврдување на родот. Ова, заедно со хормонските третмани, ќе ги плаќа уругвајската влада.

Освен тоа, законот гарантира дека транс луѓето ќе добијат пристап до јавни работни места во наредните 15 години, со 1 посто од владините работни места резервирани за транс лица.

Понатаму, законот наложува пензија за компензација на транс лица кои биле прогонувани во воената диктатура во Уругвај од 1973 до 1985.

Извор: AP News