Шкотска ќе стане прва земја во светот со ЛГБТИ-инклузивно образование

На 8-ми ноември заменик-премиерот Џон Свини објави дека Шкотска ќе стане првата земја во светот која ќе има инклузивно образование за ЛГБТИ прашања како дел од Шкотската образовна програма.

Сите 33 препораки од Работната група за инклузивно образование на шкотската влада, основани за подобрување на училишното искуство за ЛГБТИ младите и да адресира малтретирање и дискриминација, беа прифатени во целост. Овие реформи ќе бидаат спроведени за практикување и насочање, професионално учење, инспекции, и снимање на инциденти на малтретирање до 2021 година.

Овој успех беше производ на напорната работа на наставници, млади луѓе, родители, и разни организации како ЛГБТ младинската Шкотска, Време за инклузивно образование (ТИЕ), и Стоунвол Шкотска.

Истражувањата имаат покажано дека половина од ЛГБТИ младите вклучувајќи и седум во 10 млади транс личности во Шкотска сè уште се малтретирани во училиште поради нивната сексуална ориентација и/или родов идентитет. Понатаму, два од пет ЛГБТИ студенти никогаш не биле подучувани во врска со ЛГБТИ прашања во шкотските училишта.

Со прифаќањето на препораките од Работната група, училиштата во Шкотска сега ќе бидаат поддржани да ги учаат младите за различни ЛГБТИ прашања. Покрај тоа, наставниците ќе имаат пристап до ресурсите и обуката што им е потребна за да создадат поинклузивни средини за учење и подобра поддршка на ЛГБТИ студентите.

Извор: Stonewall Scotland