Повик за EVS волонтер во Солун!

Дали сте млада и амбициозна личност која сака да помине 10 месеци во Солун заедно со тимот на Солун Прајд? Дали сте на возраст од 18 до 30 години? Дали имате познавање на англискиот јазик? Грчкиот можеби? Аспирации за организирање работилници и работа во интеркултурна средина?

Тогаш овој повик е за Вас!

Проектот под име „Fix it Pride“ има за цел да промовира и подига свесност кон ЛГБТИ+ заедницата преку организирање на низа на активности.
Волонтерот/ката ќе биде вклучен/а во организирање на семинари и работилници поврзани со човекови права, еднаквост, интеркултурно разбирање и т.н., со цел справување со хомофобија, нетолеранција, сексуална дискриминација и друго, како и организирање серија активности во училишта и други образовни институции во Солун.

Организација носител на овој проект е United Societies of Balkans. Тие промовираат мобилност на млади, вклученост на млади и нивно активно учество, волонтерство и човекови права. Тоа го прават преку:

• Промовирање на вредности на неформално учење, волонтерството, активно граѓанство и демократија за создавање на подобра иднина за европска младина;
• Вклучување на малцинствата и бегалците во младински активности;
• Градење на здрави односи за соработка помеѓу земјите во областа на Балканот и Источна Европа со остатокот од Европа;
• Користење на нови методологии како што се нови медиуми и граѓанско новинарство за поттикнување на младинско изразување, подигнување на свесноста за човековите права и промовирање на интеркултурен дијалог;
• Искористување на уметноста како алатка за образование и изразување на младите;
• Разбивање предрасуди и стереотипи меѓу европските земји и меѓу младите.

За повеќе детали околку овој проект можете да прочитате во следниот инфо пакет.

За да аплицирате, треба да ја пополните следната пријава.

Рокот за аплицирање е до 8-ми февруари, и доколку го поминете првиот круг, ќе бидете поканети на во интервју во периодот од 11-ти до 15-ти февруари. Финалната селекција ќе биде споделена со сите кандитат(к)и кои поминале низ интервју на 18-ти февруари преку мејл. Селектираниот/ната волонтер/ка ќе започне со ангажманот во првата недела на март 2019 година.