Повик за учество во два Еразмус плус тренинг курсеви

С-Фронт сака да сподели со вас два интересни повици за учество во два тренинг курсеви преку Еразмус плус програмата. Имено, обуките се организирани од наши партнер организации со коишто имаме одлична соработка и пријателски односи, како дел од проектите, визијата, а и мисијата за нивните активности, стоиме зад концептот на следните обуки. Доколку сте заинтересирани, во прилог видете ги двата инфо пакети кои ги содржат сите информации околу тренинг курсевите.

 

Првиот ќе се случи од 8-16 мај во Шабац, Србија, на тема “Coming Out of Unemployment” за која треба 4 учесника од нашата држава.

Вториот ќе се случи од 21-27 мај во Сремски Карловци, Србија, на тема “Empower youth organizations to use Living Library methodology (EXYULL)” за која треба 3 учесника од нашата држава.

 

Доколку сте заинтересирани да учествувате на која било од обуките ќе ве замолам во најскоро време да ми потврдите по мејл заинтересираност за учество. Би сакал да нагласам бидејќи обуките се преку Еразмус плус програмата, сите учесници мора да се над возраст од 18 години пред почетокот на обуките, патните трошоци, сместувањето, и храната, ќе бидат покриени од страна на организаторите.

За пријавување пишете мејл на spetrovski@s-front.org.mk

 

Прилог:

Application Form TC – Coming Out of Unemployment

Info pack for participants in Living Library – Sремски Karlovci