“Ле четврток” – настан по повод 26ти април, ден на лезбејската видливост

По повод меѓународниот ден на лезбејската видливост 26ти април во Скопје се одржа настан за зголемување на видливоста на ЛБТК заедницата. Настанот со име “Ле четврток” се одржа на 25 април во локален кафич. Настанот беше организиран од страна на Субверзивен фронт, ЛезФем и Медуза, организации кои работат на подобрување на правата на ЛБТК жените.

На настанот се збореше за новиот кошаркарски ЛБТК клуб и како можете да се приклучите доколку сакате играње баскет и дружење. Во последната година ние редовно играме баскет и често имаме натпревари со други ЛБТК екипи низ Балканот. Се збореше за тоа како транс жените лезбејки можат да се приклучат на настаните кои ги организираме и славењето на 26ти Април, денот на лезбејската видливост во светот. На настанот беа присутни повеќе од 50 лица од ЛБТК заедницата како и многу други поддржувачи. Девојките се дружеа, дискутираа и правеа планови за активности кои би можеле да ги имплементираме во иднина.

Ле четврток - настан по повод меѓународниот ден на лезбејската видливост