СЗО ги депсихопатологизираше идентитетите на транс луѓето и на родово-различните луѓе

Со усвојувањето на 11-тата ревизија на Меѓународната класификација на болести (МКБ-11) (ICD-11), Светската здравствена организација и формално ги отстрани транс идентитетите и идентитетите на различно-родовите луѓе од листата на ментални нарушувања. Ревизијата, која што стапува на сила на 1 јануари 2022 год., ги елиминира категориите поврзани со транс луѓето и со родово-различните луѓе од Поглавјето на ментални нарушувања и нарушувања на однесувањето во Меѓународната класификација на болести и воведува нови категории поврзани со транс луѓето и родово-различните луѓе. Овие нови категории – „Родова неусогласеност во адолесценцијата и зрелоста“ и „Родова неусогласеност во детството“, се вклучени во ново поглавје од МКБ – „Состојби поврзани со сексуално здравје“. Новите категории може да се назначат на транс луѓе или родово-различни луѓе кои што самите укажуваат на чувствување на вознемиреност од нивното тело (исто така позната како дисфорија) и имаат потреба за медицински интервенции, како на пример хормонска терапија, отстранување на влакна, или хируршки зафати за да соодветно одговорат на овие нивни чувства.

Активистите_ките за правата на транс луѓето и на родово-различните луѓе ширум светот ја поздравија усвоената 11-та ревизија на МКБ, но ја изразија својата загриженост за, и повикаа на:

  • Замена на терминот „родова неусогласеност“  со не-патологизирачки и нестигматизирачки термин;
  • Целосно отстранување на терминот „Родова неусогласеност во детството“;
  • Осигурување пристап до системи на поддршка за транс децата и родово-различните деца; 
  • Унапредување на правната депатологизација насекаде, за да се осигура дека човековите права на сите транс луѓе и сите родово-различни луѓе се почитувани; и
  • Прогресивно проширување на покривањето на услугите на јавна здравствена заштита