Повик за обука: Storytelling + Living Library

Имаш ли невообичаена или неконвенционална животна приказна? Оформи ја во алатка со која ќе ги срушиме предрасудите на оние кои не биле изложени на сличи животни предизвици!

Имаш ли невообичаена или неконвенционална животна приказна? Оформи ја во алатка со која ќе ги срушиме предрасудите на оние кои не биле изложени на сличи животни предизвици!

Овој 6 дневен проект опфаќа 5 дневна обука и финален ден на реализирање на живата библиотека од 25ти до 30ти ноември.

Тука се поставува прашањето, што е жива библиотека?
Тоа е алатка создадена да ја кородира бариерата на предрасуди и дискриминација меѓу луѓе. Базирана е на концептот на класична библиотека; читателот го разгледува каталогот на наслови кои се на располагање, одбира книга, и ја чита. Односно, читањето е краток разговор каде книгата си ја раскажува својата лична приказна и читателот поставува прашања кои му ја скротуваат љубопитноста.

Обуката ги припрема учесниците за да станат книги преку моќна алатка наречена storytelling. Една од главните „soft skills“ во денешницата која овозможува личноста јасно и концизно да го пренесе сопственото искуство на начин кој го зграпчува вниманието на секој слушател.

Првиот ден ќе биди создавање на пријатна и безбедна средина каде на учесниците ќе им е комотно да споделуваат аспекти за себе со другите.
Вториот и третиот ден се фокусирани на storytelling и работење со секој учесник индивидуално за да си ја скрои својата приказна.
Четвртиот и петтиот ден се запознаваме со концептот на живи библиотеки – кратка историја, како ќе се одвива, и припрема на книгите за презентирање на нивните приказни.
Последниот ден е живата библиотека, каде луѓе ќе доаѓаат и ќе ја слушаат приказната на учесниците (односно книгите), ќе се дружат и ќе креираат атмосфера на блискост и љубов.

Бројот на места е ограничен и селекцијата ќе биде направена на „прв пријавен – прв примен“ начин. Успешно прифатените учесници ќе ги добијат логистичките информации на мејл откако ќе го потврдат нивното учество. Храната за време на обуката, како и освежувањата, ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Линк за пријава