Обука за Storytelling и Жива Библиотека

Жива Библиотека | 30.11.2019

Проектот Storytelling & Living Library е кратка обука, проследена со завршен настан која цели своите учесници да ги снабди со вештини кои се во склоп на методологијата на storytelling и Жива Библиотека. Во тие вештини спаѓаат јавно говорење, активно слушање, кршење на стереотипи и предрасуди преку интерактивен дијалог и слично. Проектот траеше шест дена (25.11 – 30.11), од кои првите пет ја опфратија самата обука и шестиот беше настанот Living Library.

Живата Библиотека располагаше со 10 книги, од кои и самиот тренер учествуваше како книга на завршниот настан. Тренингот се одвиваше на начин на кои им овозможи на учесниците првично формирање на безбедена и доверлива средина каде би можеле да споделат, но и да научат. Првиот ден се изгради позитивна и интерактивна атмосфера со помош на групни ice breakers, вежби кои ја поттикнуваат креативноста и поставување прашања. Голем број од вежбите се класични вежби кои се користат во обуки за storytelling и вклучуваа запазување на говор на тело, разни движења и активно случање на соговорникот.

Наредните два дена (26/27.11) беа посветени на изучување на теорија и методологија во полето на storytelling. Преку разгледување на класични примери, учесниците имаа задача да ја препознат структурата на секоја од приказните и да разберат како истата да ја применат во нивните лични приказни. За подобро да ја доловат суштината на storytelling, им беше дадена задача да напишат своја приказна, од претходно зададени теми, кои понатаму ја презентираа пред групата. При презентирањето требаше да запазат на форма, говор на тело и интеракција со слушателите. После сечија приказна имаше конструктивен фидбек од сите членови на групата вклучувајќи коментари, прашања и забелешки.

Четвртиот ден беше целосно посветен на припрема на учесниците како книги во живата библиотека, нивните наслови и приказни. Задачата беше да се припреми приказната во краток временски период, имајќи во предвид се што беше претходно научено и да се отстапи простор за прашања од страна на слушателот. Веќе тука книгите почнаа самоуверено да ги раскажуваат и споделуваат своите лични приказни применувајќи ги сите претходно научени работи во областа на storytelling. Се придржуваа за дадената временска рамка и успешно ги доловија сите потребни елементи кои ги сочинува една успешна приказна.

Претпоследниот ден учесниците се запознаа со волонтерите и самиот простор каде се одржуваше настанот Жива Библиотека, односно Млади Хаб. Секој волонтер беше задолжен за две книги и имаше задача да ги информира за преостанато време со секој слушател и да им осигура пријатна атмосфера.

Самиот настан беше доста успешен, библиотекарката водеше евиденција за сите посетители и со кои книги разговараат. Владееше пријатна атмосфера каде љубопитните читатели со задоволство разговараа со нивните книги, разменуваа искуства, поставуваа прашања.