Оглас за Оператор(к)и на Национална линија за советување на ЛГБТИ+ лица

Субверзивен фронт со финансиска поддршка од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 -2022“ и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, ја отвора првата Национална линија за советување на ЛГБТИ+ лица.

Со таа цел, го отвораме огласот за Оператор(к)и, и доколку си професионалец кој/а сака да работи на телефонско советување на ЛГБТИ+ лица, и ги исполнуваш условите наведени подолу, те охрабруваме да ја испратиш твојата пријава.

Времетраење на ангажманот:

  • 3 месеци со можност за продолжување на договорот.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (психологија, педагогија, социјална работа или друго образование од областа на хуманистичките науки)
  • Работно искуство и контакт со лица од ЛГБТИ+ заедницата ќе се смета за предност
  • Предност имаат кандидати кои се во процес на едукација или имаат завршено во некоја од школите за психотерапија

Работни задачи:

  • Одговарање на повиците на Националната линија за советување на ЛГБТИ+ лица
  • Подготовка на извештај за добиените повици
  • Присуство на супервизија и интервизија со колегите
  • Подготовка на стручни текстови или снимање видеа (по потреба)

 

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани, потребно е да испратат CV и кратко мотивациско писмо на мејл: dtasevski@s-front.org.mk, најдоцна до 06.07.2020 година.

Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг, ќе поминат обука за советување на линија за поддршка, како и обука за советување на ЛГБТИ+ лица. По селекцијата, а пред започнување со обуката, потребно е да достават скенирана или копија од диплома за завршено образование и потврда од досегашните часови во обука од психотерапевтски правец. Од групата која ќе ја помине обуката, ќе се селектира тим на оператори кои ќе работат на линијата.

За ангажманот е предвиден дневен бруто хонорар од 1.230 денари, за една смена со времетраење од 4 часа. Сите прашања поврзани со огласот и позицијата, можете да ги поставите на мејлот за пријавување.

 

Овој оглас е произведен со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. Искажаните мислења во огласот не го одразуваат официјалното гледиште на Европската Унија и Советот на Европа.