Ангелина Иванова

Ангелина Иванова, започна како волонтерка во Субверзивен Фронт во април 2016, а тековно е посветена на институционалниот развој на организацијата. Таа е во последната година од своите студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Со активизам започна уште во 2014 година кога учествуваше на Геј Игрите во Кливленд, САД, каде беше прва и досега единствена македонска учесничка. Од тогаш стана борец за човековите права на ЛГБТИ лицата во Македонија и има учествувано во повеќе проекти кои се спроведувани во Македонија и Балканот. Контактирај ја Ангелина на aivanova@s-front.org.mk или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.