(Macedonian) Романија ќе се консултира со Европскиот суд на правата за истополовите бракови

Уставниот суд на Романија соопшти дека ќе се консултира со Европскиот суд на правдата дали да го признае бракот на Романец кој се омажил за Американец.

Судот ќе се консултира со Европскиот суд за бракот на Адријан Коман, романски активист за ЛГБТ права и на Американецот, Клајбурн Роберт Хамилтон. Доколку стануваше збор за хетеросексуална двојка, романските власти ќе го признаеја бракот.

Двојката, која се венчала во 2010 година во Белгија, бара Романија да ја признае нивната врска.

Судовите ќе разгледаат како останатите земји во ЕУ, кои ги немаат легализирано истополовите бракови, постапувале во слични случаи. Доколку се признае овој брак, тоа отвора можност за признавање на истополовите бракови.
Сослушувањето за случајот е закажано за 30 март.

Романија кон почетокот на годинава направи чекор кон отфрлање на легализацијата на истополовите бракови, откако Уставниот суд ја прифати иницијативата за референдум редефинирање на бракот.

Уставниот суд, кој го сочинуваат девет судии ја оцени како валидна иницијативата која е потпишана од три милиони Романци, а со кој се отвора можност на референдум бракот да се дефинира како заедница меѓу еден маж и една жена.