Историски момент! Закон за посвојување деца од истополови брачни двојки помина во Грција!

Премиерот Алексис Ципрас жестоко го бранеше законот во говорот пред парламентот и го искритикува лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис

 

 Закон кој ќе им дозволи на истополови парови да станат згрижувачки родители и за кој се дебатира во парламентот денес, предизвика политички турбуленции во и помеѓу политичките партии, со дури и неколку пратеници од владејачката Сириза (коja го поддржа предлог законот), заканувајќи се дека ќе гласаат против законот.

Предлог-законот, исто така, ги поедноставува и ги забрзува процедурите за посвојување, но членот 8, за старателство на истополови двојки е оној кој предизвика меѓупартиски и внатрепартиски превирања.

Предлог-законот, исто така, ги подели СИРИЗА и нејзинот десничарски коалициски партнер, Независни Грци, чиј водач е министерот за одбрана, Панос Каменос.

Главната опозициска партија, Нова демократија ќе гласа против предлог-законот, иако некои пратеници одлучија да гласаат спротивно од партиското мнозинство, вклучувајќи ја и поранешната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани и поранешната министерка за туризам, Олга Кекалојани.

Премиерот Алексис Ципрас го бранеше предлог-законот во својот говор пред парламентот и го искритикува лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, затоа што, како што рече, се спротивставил на законот од популистички причини: да ги избегне политичките трошоци во неговата конзервативна база.

„Првиот проблем што законот го решава е дека децата што живеат во сиропиталишта повеќе нема да бидат невидливи. Ниту една држава и никакво државно уредување не можат да дозволат овие души да се третираат како отпадници на општеството,“ рече тој.

„Ние создаваме електронска база на податоци со лични податоци за секое дете, за да знаеме колку и кои деца бараат семејство. Сакаме да го решиме проблемот сеопфатно, со очигледна цел да не маргинализираме ниедно дете, не оставајќи ниедно дете во сиропиталиште,“ рече премиерот.

„Вториот главен проблем што го решаваме се однесува на идните родители. До сега тие мораа да чекаат до шест години за процесот продолжи напред,“ рече тој. „Процесот на одобрување на згрижувачки семејства ќе биде завршен во максимален временски период од 8-12 месеци,“ рече премиерот.

Предлог-законот, исто така, го поедноставува и го забрзува посвојувањето – кое сè уште не е дозволено за истополови парови – процедури.

Ќе следи судско сослушување, за што ќе има координација со Министерството за правда за забрзување на судските рокови, како за згрижувачкото семејство, така и за посвојувањето.

„Згрижувачкото родителство, како чин, е модел на алтруизам, солидарност и услуга, за оние кои го избираат. Тие избираат само да понудат на детето, без да стекнат права. Предлог-законот утврдува унифицирани стандарди за родителска грижа на згрижувачки родители за во сите случаи,“ рече премиерот.

 

Извор: ИН