Обука за документирање на прекршувања на човекови права

Субверзивен Фронт зеде учество на обуката за документирање на прекршување на човекови права организирана од ИЛГА Европа, од 6 до 8 септември 2013 г. во Лисабон, Португалија.

На обуката учествуваа ЛГБТИ и квир активисти од Грузија, Грција, Ерменија, Португалија и Русија, а организација – домаќин беше ИЛГА Португалија.

На обуката беа презентирани главните принципи и методи на мониторинг и документација на прекршување на човекови права и начините на нивно поврзување во процесот на застапување.

Активистите беа обучени да развијат сопствени планови за документација и правно застапување, а им беа претставени и добри практики на документација и застапување на организацијата – домаќин, ИЛГА Португалија.

Обуката беше водена од Џудит Дуек, член на Меѓународниот советодавен комитет на HURIDOCS, која е експерт со долгогодишно искуство во документирање на прекршувања на човекови права, и од персоналот на ИЛГА Европа.