Ана Брнабиќ – првата министерка лезбејка во српската влада

Владата на Србија ќе има и една министерка која јавно се изјаснува како лезбејка  – изјави Александар Вучиќ, премиерот на Србија.

Ана Брнабиќ е предложена за нова министерка за државна управа и локална самоуправа. Таа до сега била претседателка на управниот одбор на Националната алијанса за локален економски развој. (НАЛЕД).

Ана има МБА диплома за маркетинг од Хул Универзитетот во Англија и повеќе од девет години искуство на менаџерски позиции на различни проекти за меѓународен развој и во владата на Србија. Извршен директорка е на фондацијата Пексим од нејзиното основање во 2010 година, ангажирана е во компанијата Continental Wind Serbia (CWS), една е од основачите на фирмата Development Consulting Group (DCG), а и водела регионална стручна група за комуникација и ПР за Development Alternatives Inc (DAI). Ана исто така работела на програмата на УСАИД за реформи на локалната самоуправа на Романија.