Британска банка им дозволи на клиентите и вработените да се идентификуваат како родово неутрални

1fe84b4a00000578-3606880-image-a-18_1464099352415

Британската банка „Метро“ соопшти дека ќе им дозволи на своите клиенти на го изберат префиксот г-х наместо регуларните г-ин, г-ѓа, г-ица на официјалните формулари и документи.

 

Г-х е персонален префикс кој многумина го користат кои се идентификуваат како родово неутрални или небинарни. Банката ќе понуди „небинарен“ како опција во полето за означување на родот.

 

Многумина кои се идентификуваат како небинарни се сочуваат со проблеми при пополнување формулари и официјални документи, кои ги нудат ресен избор лични префикси.

„Во банката „Метро, имаме можност да помогне во придвижувањето кон еднаквоста и горди сме што преземаме активен став по ова прашање“, велат од банката, додавајќи дека треба да се стави крај на глупавите прописи и да им се овозможи на луѓето да се идентификуваат себеси како што ќе изберат самите.

metro-bank

Од банката велат дека приоритет им е нивните клиенти и вработени да се чувствуваат удобно и прифатени и токму затоа се одлучиле да ги послушаат советите кои ги добивале.

„Се надеваме дека денешната најава ќе им помогне и ќе ги охрабри другите да ги следат нашите чекори“, велат од банката.

Веста веднаш ја поздрави потенцијалната пратеничка на либерал-демократите за Чипенхем, активистката за правата на транс-лицата, Хелен Белчер.

– Честопати се обвинуваат ИТ-системи за половите родовите обележја, но банката „Метро“ покажа дека тоа може да се смени. Тоа е добра одлука на банката „Метро“. Се надевам дека другите банки и институции ќе го следата нивниот пример и ќе ги прилагодат своите системи – вели Белчер, која има своја софтверска компанија