По изборот на Доналд Трамп за претседател, во САД е забележан пораст на анти-ЛГБТ пораки, пишува „Њујорк дејли“, додавајќи дека исто така се забележани и закани против Афроамериканците, Латиноамериканците, муслиманите и останатите малцинства.
На социјалната мрежа „Твитер“ двојка од Северна Каролина објави фотографија од хомофобична порака, оставена на нивниот автомобил.
„Одвај чекам вашиот „брак“ да биде поништен од вистинскиот претседател. Геј семејства = горете во пекол. #Трамп 2016. #Покајување #Благослов“, стои во пораката.
Placed on their car in NC.
"Can't wait until your 'marriage' is overturned by a real president. Gay families = burn in hell. Trump 2016" pic.twitter.com/jyBjUSS2TI
— Shaun King (@ShaunKing) November 10, 2016
Весникот наведува говорот на омраза не е насочен само кон ЛГБТ-заедницата и оти не е само во малите рурални градови на САД.
На социјалната мрежа „Фејсбук“, движењето „ЛГБТ Пинк Пантер“ објави фотографија од леток поставен на возило во Њујорк. Не е прецизирано во кое предградие на градот е поставен летокот, но се наведува дека е во дел популарен меѓу ЛГБТИ-лицата.
„Па, хомо татко, какво е чувството Трамп да ти биде претседател Барем тој има муда.
Ќе ги врати браковите таму каде што Господ сака и ќе го поништи твојот. Америка ќе го среди твојот педерски задник“, стои во пораката.
Страницата ги повикува граѓаните да „бидат внимателни и безбедни, бидејќи непријателите се во потрага по жртви од квир заедницата“.
Пораката доаѓа по бројните јавни напади, закани и пораки против малцинските групи, вклучувајќи ги и жените.
Геј двојка од Западна Верџинија вели дека на својата влезна врата нашле порака во која стоело: „Сега Трамп е наш претседател! Напуштете го соседството ПЕДЕРИШТА!“
Двојката ова не им е прв пат да се соочат со хомофонија, но им е прв пат да се соочат со таков директен израз на гнев.
Во меѓувреме, на возило на геј двојка од Јута е испишана хобофобична пцоста. Сопружниците Ник и Арон Мекфарленд од Оден, Јута, кога се разбудиле нашле хомофобичен графит испишан на нивното возило.
„Дојде мојот сопруг, ме разбуди и ми рече дека некој го вандализирал нашето возило: ен сфатив што точно се случило се додека не го видов возилото“, изјави Арон Мекферланд за „Стандард Егеземинер“.
Непознатите напаѓачи испишале три пцости: „Умри хомич, пешо, педер“.
Полицијата засега нема никого осомничено за инцидентот.