„Поддршка – семејна вредност“ ќе биде слоганот на четвртиот „Монтенегро прајд“

Монтенегро прајд

„Поддршка – семејна вредност“ ќе биде слоганот на четвртиот Марш на гордоста на LGBTIQ-лицата на „Монтонегро прајд“, кој е закажан за 17 декември во Подгорица, одлучи Организацискиот одбор на настанот.

Организаторот вели дека еден од главните проблеми со кои се соочуваат лезбијките, геј, бисексуалните, интерсексуалните и транс-лицата во Црна Гора во секојдневниот живот е значителен недостиг од прифаќање, поддршка и разбирање во семејното опкружување.

„Веруваме дека традиционалната семејна вредност во црногорското друштво е поддршка на сите свои членови и членки без разлика на сексуалната ориентација или родов идентитет и оти отфрлањето, неразбирањето и неприфаќањето на LGBTIQ-лицата не се и не можат да се правдаат дека се во согласност со нашата традиција.

Со Прајдот, како што вели организаторот, се свртува вниманието и кон семејствата кои ги имаме, а кои се уште не се законски препознаени. Затоа и на овој Прајд организаторите и учесниците ќе бараат создавање и усвојување законски решенија со кои ќе се регулира ова прашање.

„Годинава ќе шетаме, меѓу другото, и за сите LGBTIQ-лица во Црна Гора кои не се прифатени од своите семејства и на тој начин да покажеме дека не се сами и оти имаат поддршка“, стои во соопштението, и се додава дена на годинешниот Прајд ќе бидат и семејствата кои ги прифатиле своите LGBTIQ членови и членки и ги поддржале во нивните настојувања да живеат достоинствен живот.