Средношколците во Србија го оправдуваат насилството врз нивните ЛГБТ врсници

nasilstvo skolo

Голем процент од средношколците во Србија и понатаму толерираат насилство над врсниците со поинаква сексуална ориентација и сметаат дека е помалку страшна од насилствата над другите лица, покажа последното истражување „Врснички насилство врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во средните училишта во Србија“, кое е спроведено како дел од глобалната кампања на ОН за рамноправност на ЛГБТ.

Според анализата, 47 отсто од децата сметаат дека нивните врсници со хомосексуална ориентација трпат насилство.

nasilstvo skoloПретходните истражувања покажале дека секое петто дете на возраст од 13 до 15 години смета дека ЛГБТ децата треба да се избркаат од училиште, а 60 отсто дека насилството е оправдано. Шеесет и шест отсто од децата го оправдуваат насилството над момчињата кои ќе се вљубат во други момчиња, а дури 17 отсто од децата дури и физички ги нападнала ЛГБТ децата.

Истовремено, во три школи во Србија каде се спроведуваат бројни програми за јакнење на толеранцијата, меѓу кои и проектот на ОН, „Училиште без насилства“, истражувањето покажало далеку посјајни резултати. Во овие училишта само 17 отсто од децата сметаат дека насилството е оправдано, а 30 отсто го сметаат за оправдано насилството врз ЛГБТ популацијата.

Авторите на анализата наведуваат дека децата заземаат став врз основа на јавните слики во општеството, информациите во медиумите, а ставовите на децата кон ЛГБТ популацијата се менува, како што се менува расположението на граѓаните, политичарите и институциите кон Парадата на гордоста.