Започна истражувањето за социо-економските димензии на исклучувањето на ЛГБТИ во Западен Балкан

Почнувајќи од 1 февруари, ЛГБТИ-лицата кои живеат во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија, може да го пополнат прашалникот кој има за цел да ги открие проблемите и предизвиците со кои ЛГБТИ лицата се соочуваат поради нивната сексуална ориентација, родов идентитет и родово изразување, вклучително и перцепциите за правата, насилството, вознемирувањето и останати клучни теми од важност за оваа заедница.

Ова онлајн истражување е најголемото од ваков вид и беше начелно спроведено во 2012 во сите земји на Европската унија вклучувајќи ја и Хрватска (тогашна земја-кандидатка за членство). 93.000 луѓе го одговорија прашалникот од ова истражување, кое за жал тогаш не ги вклучуваше земјите во Западен Балкан.

Во меѓувреме, Националниот демократски институт којшто го спроведе регионалното испитување на јавното мислење за ЛГБТИ во 6-те земји на Западен Балкан во 2015, ќе овозможи споредба на наодите.

Истражувањето е поддржано од Светска банка и се спроведува од страна на IPSOS Strategic Marketing, Williams Institute при UCLA и ЕРА – ЛГБТИ Асоцијацијата за еднакви права за Западен Балкан и Турција.

Субверзивен фронт, како една од организациите основачи и тековни членки на ЕРА, би сакала да ги повика припадниците/чките на ЛГБТИ заедницата во РМ да го пополнат прашалникот со кликнување на следната врска а истовремено и да го споделат до останати членови/ки на заедницата.

Вашето искуство е важно!