Даница Роем и Андреа Џенкинс со историски победи во САД за транс* заедницата

Даница Роем стана првата транс* личност избрана за државна службеничка во САД, со победа над трансфобичниот кандидат, Боб Маршал. Новинарката од Вирџинија го победи противкандидатот Боб Маршал, пратеник со 26 години стаж. Тој предложи нацрт-закон со кои би се ограничиле тоалетите кои ќе можат да ги користат транс* луѓето. Исто така, тој претходно беше ко-автор на сега веќе непостоечката уставна забрана за истополови бракови.

Маршал одбиваше да биде дел од дебатата со Роем, притоа одбивајќи да ѝсе обрати со жена и во целата кампања и промотивните материјали, и се обраќаше со „тој“. Роем беше грациозна победничка и изјави дека се залага за „градење на инсфраструктура и соработка, а не да се уриваме едни со други“.

Во Минеаполис, Андреа Џенкинс стана првата транс* афроамериканка избрана да биде дел од градскиот совет. Кандидатката на Демократската партија победи со освојување над 73% од гласовите.

 

Џенкинс, којa претходно беше висока помошничка на заменик-претседателот на Советот Елизабет Глирен, ги победи трите други кандидати. Со 25 години јавна служба зад себе, за време на кампањата таа изјави дека нејзината „визија за Минеаполис е пристап и еднаквост за сите“.