Клучните наоди за Македонија во извештајот за 2018 година на Европската Комисија поврзани со ЛГБТИ права

Денес присуствуваме на презентацијата за извештајот на Европската комисија за нивните клучни наоди од извештајот за 2018 година за Република Македонија. Сесијата се одржа во ЕУ Инфо Центарот во петок, 20 април, со почеток од 9:30 до 11:00 часот, а со него претседаваше амбасадорот Самуел Жбогар. По презентацијата следуваше заедничка дискусија, како и прашања за амбасадорот Жбогар.

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, на 17 април изјави дека Македонија „направи многу во последните неколку месеци и ова треба да ѝ се признае.” Според тоа, Европската комисија препорачува почеток на разговори за членство со Македонија за пристапување во Европската Унија. Покрај тоа што Комисијата препорача разговори за членство во ЕУ од 2009 година, досега немаше позитивна одлука во името на ЕУ.

Според извештајот за 2018 година за статусот на правата на ЛГБТИ лицата во Македонија, Европската комисија изјави:

„За правата на лезбејките, геј, бисексуалните, трансродовите и интерполовите (ЛГБТИ) лица, во 2017 година беше направен важен напредок. Новиот премиер и политичкото раководство јавно изразија поддршка за правата на ЛГБТИ лицата и се заложија за напредок во оваа област. Во парламентот беше формирана интер-парламентарна група во февруари 2018 година, составена од 13 пратеници, која има за цел да ги застапува правата на ЛГБТИ лицата. Меѓутоа, општествените предрасуди продолжуваат и говорот на омраза е распространет против ЛГБТИ лицата во медиумите, интернетот и социјалните медиуми. Поттикнување на хомофобична/трансфобична омраза и насилство не е ефикасно спречена или казнета од страна на властите. Претходните напади врз ЛБТИ центарот за поддршка се’ уште не се ефективно истражени. Беше донесена одлука во насока на правно признавање на родот во Управниот суд за дозволување промена на маркерот за пол и матичниот број на две трансродови жени. Сепак, правните постапки за признавање на родот не се регулирани со законот. Уште повеќе, пристапот до здравствена заштита за трансродовите лица останува ограничен.”

Целосниот извештај можете да го најдете на следниот линк.