Нашиот тим

Давид Тасевски

Давид Тасевски

Извршен директор / Психолог / Executive Director / Psychologist

Давид Тасевски, психолог – семеен и системски советник, професионалното искуство го започнува во 2014 година во ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ и веднаш потоа полага за лиценца за вршење психолошка дејност. Истата година основа и веб страна за стручни текстови од областа на психологијата. Во невладин сектор започнува да работи во 2015 година како волонтер, а подоцна и координатор во „здружение за превенција и борба против зависностите и намалување на штетните последици од употреба на истите“. Во 2015 година, основа здружение кое делува во областа на менталното здравје и со колегите од психијатриската болница спроведуваат работилници за млади психолози и професионалци од областа на менталното здравје. Во 2016 година започнува да работи во областа на човекови права, дискриминација, како и со ЛГБТИ жртви на насилство. Пред да дојде на позицијата Извршен директор, беше вклучен во процесот на деинституционализација на домот за деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, без родителска грижа. Од 2018 е сертифициран советувач за доброволно советување и тестирање за ХИВ, а во рамки на институтот за брак, семејство и системска пракса е вклучен во проект за јакнење на родителски вештини, како и во советувалиштето за жртви на семејно насилство. До скоро, Давид ја имаше улогата на психолог и програмски координатор во С-Фронт. Контактирај го Давид на [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.

Антонио Михајлов

Антонио Михајлов

Постар советник / Senior Adviser

Антонио Михајлов е Постар советник и еден од основачите на Субверзивен фронт – здружение за сексуални и родови малцинства од Скопје, Северна Македонија, и Координатор на Организацискиот одбор на Скопје Прајд. Пред да стане ЛГБТИ активист, Антонио работеше во продажба и маркетинг на софтвер во Норвешка, и интернет маркетинг во Белгија и Финска. Неговите одговорности во С-Фронт вклучуваат обезбедување на стратегиска насока на развојот на организацијата, осигурување на спроведувањето на програмата на организацијата во согласност со организациските мисија, визија и стратегиски цели и преку 3 стратегиски области. Универзитетскиот профил на Антонио е во областите на менаџмент на е-бизнис, проектен менаџмент, маркетинг комуникации и организациски развој. Негови интереси се застапување за ЛГБТИ и женски права, обука и образование за род и сексуалноста, како и истражувања за ЛГБТИ теми. Контактирај го Антонио на [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.

Ангелина Иванова

Ангелина Иванова

Директорка за финансии и администрација / Finance and Administration Director

Ангелина Иванова, започна како волонтерка во Субверзивен Фронт во април 2016, а тековно е посветена на институционалниот развој на организацијата. Таа е во последната година од своите студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Со активизам започна уште во 2014 година кога учествуваше на Геј Игрите во Кливленд, САД, каде беше прва и досега единствена македонска учесничка. Од тогаш стана борец за човековите права на ЛГБТИ лицата во Македонија и има учествувано во повеќе проекти кои се спроведувани во Македонија и Балканот. Контактирај ја Ангелина на [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.

Стефан Петровски

Стефан Петровски

Програмски координатор и Соработник за комуникации / Programme Coordinator and Communications Officer

Стефан Петровски е Програмски координатор и Соработник за комуникации во Субверзивен фронт и во Скопје Прајд. Од млада возраст, тој го започна своето патување во светот на волонтирање со учество во проекти што го зајакнаа капацитетот на младите луѓе во областа на лобирање и застапување, меѓународни односи, човекови права, фотографија и видеографија. Во моментов е студент по англиски јазик по книжевност на Факултетот „Блаже Конески“ во Скопје, а студирал на Универзитетот во Јута преку програмата Глобал УГРАД во 2017 година – од која е еден од почесните студенти. Неговото поле на студии и истражувања се фокусира на род, сексуалноста и етничката припадност во литературата и лингвистиката, како и утописките и дистописките наративи. Тој ќе ги следи овие теми во идните студии за постдипломски и докторски студии. За да стапите во контакт со Стефан, пишете му на [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.

Ивана Костовска

Ивана Костовска

Проектна асистентка / Социјална работничка / Project Assistant / Social Worker

Ивана Костовска е Проектна асистентка и Социјална работничка во Субверзивен фронт. Нејзиното професионално искуство го започнува во 2009-тата година. Од тогаш па навака, работи со најразлични целни групи. Веќе подолго време фокусот на нејзината работа е борбата против родово базираното насилство и семејното насилство, борбата за женските права и родовата еднаквост. Во 2016 година започнува да работи во областа на човековите права, со потесен фокус на работа со ЛГБТИ+ жртви на насилство во Сигурната куќа. Двете последни години од професионалниот развој, ги поминува како давател на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје. Контактирај ја Ивана на [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.

Викторија Бондиќова

Викторија Бондиќова

Член на управен одбор / Консултант за истражувања / Steering Board Member / Research Consultant

Викторија Бондиќова, Надворешна соработничка во Субверзивен фронт е дипломиран психолог при Филозофскиот факултет во Скопје. Како младинска активистка, таа поседува бројни волонтерски искуства во областа на младинското образование, родови права и родова демократија на национално и меѓународно ниво како сертифицирана врсничка едукаторка за родова еднаквост. Таа била вклучена во работа на проекти во повеќе организации во граѓанскиот сектор, притоа користејќи ги знаењата од психологија на заедницата во креирањето на позитивни промени поврзани со ЛГБТИ прашањата. Работи во 2 од вкупно 5 стратешки области во организацијата: истражувања и политики за ЛГБТИ прашања, обука и образование за родот и сексуалноста, како и придонесува за организацискиот развој преку примена на позитивни HR практики. Контактирај ја Викторија на [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.

Кристефер Стојановски

Кристефер Стојановски

Член на Управен Одбор / Steering Board Member / Консултант за истражувања / Research Consultant

Кристефер Стојановски, магистер по јавно здравје, е на докторски студии по здравствено однесување и здравствено образование на Универзитетот во Мичиген, САД. Кристефер има долгогодишно искуство во истражувањето на јавното и менталното здравје во Југоисточна Европа, работејќи со сексуалните и родовите малцинства, како и ромските заедници. Тој работи со Субверзивен фронт уште од почетокот на организацијата. Кристефер развива и поддржува истражувачки иницијативи за да ѝ помогне на организацијата во осигурувањето дека пристапот базиран на податоци и базиран на докази е во првите редови на стратегиите кои вклучуваат програмирање, услуги, застапување и поддршка во политиките. Кристефер е поранешен стипендист на Фулбрајт во Македонија. Можете да го контактирате Кристефер на оваа адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.

Маја Атанасова

Маја Атанасова

Член на Управен одбор / Steering Board Member

Maja Aтанасова е дипломиран правник со искуство во областа на заштита и унапредување на човековите права. Искуството го темели на застапување на предмети пред судови и други државни и меѓународни органи, објавување на правни мислења како и организирање и спроведување на обуки и семинари. Особено внимание посветува на работа со млади заради поттикнување на младински активизам, знаење и дејствување во областа на човековите права и заштита од дискриминација. Во S-front се вклучува заради активирање во заштита и унапредување на ЛГБТИ права и родови прашања. Контактирај ја Маја на [email protected] или директно во канцеларијата на Субверзивен Фронт на „бул. К. Ј. Питу бр. 19-5/28“, во Скопје, Северна Македонија.