Добијте поддршка

Услуги на психолошко советување за ЛГБТИ луѓе

Во соработка со група на психолози од Комората на психолози на РМ, Субверзивен фронт нуди услуги на психолошко советување за лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерполови луѓе.

Обучени и сензибилизирани психолози кои имаат повеќегодишно искуство поврзано со работата со ЛГБТИ луѓе, стојат на располагање за соодветна помош и советување за секаков вид проблеми поврзани со:

  • процесот на соопштување на сопствената сексуална ориентација и родов идентитет (coming-out) во рамките на семејството, пријателите, колегите и сл.
  • чувствување на анксиозност, депресивност, одбегнување или минимизирање на социјална интеракција, како и
  • дискриминација и повреда на правото на еднаков пристап кон услугите на здравствена и социјална заштита сторени од страна на психолози и/или психотерапевти

Услугите на психолошко советување и психотерапија се одржуваат во просториите на Субверзивен фронт надвор од работното време на организацијата, во сигурна, пријателска и доверлива атмосфера. Подолу на дадените контакт информации може директно да ги контактирате психолозите за закажување на сесија.

  • Вида Гаврилоска – психолог, семеен и системски психотерапевт – 077 791 100
  • Кристина Лефкова – психолог, семеен и системски психотерапевт – 071 218 787
  • Елена Николовска, психолог, семеен и системски советник – 078 293 014
  • Марија Трпчевска, психолог, семеен и системски советник – 078 739 053
  • Давид Тасевски, психолог, семеен и системски советник – 078 310 947
  • Елисавета Секуловска, психолог, психотерапевт – пристап: когнитивно-бихевиорален и трансакциска анализа – 078 576 804
  • Зорица Николова, психолог, семеен и системски советник – 078 299 071