Project name:

Градење толеранција и разбирање за ЛГБТИ луѓето во македонското општество

Project description:

Главната идеја на проектот е да се заштитат правата на ЛГБТИ луѓето преку системот за социјална заштита и да се зајакнат капацитетите на стручњаците кои работат во овие институции. Едукативните активности кои се наменети за градење на капацитетите на вработените во центрите за социјална работа имаат за цел да создадат посензибилизиран пристап во обезбедувањето на социјалните услуги за моменталните и потенцијалните ЛГБТИ луѓе-баратели на социјална помош, додека интерактивниот метод кој ќе биде воведен соодветствува со добивање знаења, вештини, способности и компетенции за нудење на адекватна помош и помош насочена кон корисникот.

Општите цели на проектот се:

  1. Да се изградат капацитетите на системот на социјална работа во насока на имплементација на систематски пристап за помош и поддршка за ЛГБТИ луѓето во областа на социјалната заштита во Македонија, преку обуки за сензибилизација за ЛГБТИ теми.
  2. Да се зајакне соработката меѓу Субверзивен фронт и релевантните државни институции преку состаноци, меѓусебна помош во креирање и нудење на социјалните услуги за ЛГБТИ луѓето, како и преземање мерки за подобрување на квалитетот на живот на ЛГБТИ луѓето.
  3. Идентификување на празнините во правниот систем преку анализа на Законот за социјална заштита со цел да се изготват амандмани за креирање на поинклузивна легислатива и преземање соодветни мерки за заштита на правата на ЛГБТИ луѓето.

Организација – координатор на проектот: Субверзивен фронт

Грантот доделен за проектот „Градење толеранција и разбирање за ЛГБТИ луѓето во македонското општество” е 25.000 американски долари.