Project name:

Кон унапреден одговор на екстерните предизвици преку зајакната организациска структура

Project description:

Општата цел е да се придонесе кон унапредување на организацискиот одговор кон предизвиците од надворешното опкружување. Специфичната цел е да се зајакнат интерните организациски капацитети за унапредено справување со предизвиците од надворешното опкружување. Ова подразбира унапредување на интерните документи и процедури преку изработка на правилници и ревизија на постоечките документи за да се зајакнат организациските капацитети за соодветен одговор на предизвиците и потребите од надворешното опкружување, поточно унапредување на работата со клучните конституенти – ЛГБТИ луѓето во РМ, ЛГБТИ организациите, донаторите, медиумите и државните институции.

Резултати:

Р.1. Унапредено финансиско работење на организацијата

Ова подразбира зајакнување на внатрешните процедури и стандарди на финансиско работење преку изработка на Правилници за финансиско работење, за благајничко работење и за набавки, како и зајакнување на отчетноста и транспарентноста на работата на С-Фронт преку изработка и дисеминација на годишен наративен и финансиски извештај, како и организирање на годишна конференција за презентација на работата на С-Фронт.

Р.2. Унапредени работни односи во организацијата

Ова подразбира изработка на Правилник за работа и работни односи во организацијата, Правилник за чување и циркулација на документација, Правилник за управување со постојаните средства во организацијата, како и Ревизија на органограмот на организацијата и изработка и дисеминација на 3-месечен Билтен на организацијата.

Р.3.  Унапредени стратегиски документи на организацијата

Под овој резултат се подразбира изработка на Деловник за работа на Управниот одбор на организацијата, ревизија на Визијата, Мисијата, Стратешките цели и Вредностите на организацијата, изработка на Стратешки план за 2019-2022, организација на годишно Собрание на организацијата, како и организиција на 4 работни состаноци на Управниот одбор за годишно и квартално планирање и мониторинг.

Овој проект е поддршан од Македонскиот Центар за Меѓународна соработка преку нивната програма „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ поддржана од Европската Унија.

Времетраење: јули 2018- јуни 2019

Буџет: 7500 евра