Project description:
Целокупната цел на овој истражувачкиот труд е да ги претстави можностите за зголемување на политичкото учество на ЛГБТИ заедниците во земјите од Западен Балкан и како тоа ќе влијае врз воспоставување на социјална еднаквост.
Поголемиот дел од истражувањето претежно се потпира на квалитативни истражувачки методи, преку спроведување на полуструктурирани интервјуа со соговорници – претставници од политички партии, ЛГБТИ активисти и претставници од граѓанскиот сектор, претставници на повеќе институции како и експерти од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Словенија и Хрватска.
Дополнителни клучни делови кои се очекува да бидат вклучени во истражувачкиот труд вклучуваат преглед на законодавството во однос на ЛГБТИ правата во поединечните држави, како и анализа на политичкото учество на ЛГБТИ заедниците во регионот во однос на поврзаноста помеѓу партиската политика и граѓанските организации.
Конечно, по темелната анализа на достапните материјали за политичкото учество на ЛГБТИ во Западен Балкан, а со цел да се адресираат недостатоците забележани на оваа тема, ќе бидат презентирани серија препораки за креаторите на политиките, невладиниот сектор и другите релевантни засегнати страни во национален и регионален контекст, заради воспоставување значајна и одржлива култура на почитување на основните човекови права.
Овој истражувачки проект го спроведе Субверзивен Фронт од Македонија, во партнерство со Институтот Виктори од Соединетите Американски Држави и Лабрис од Србија.
Времетраење: март 2017 – март 2018