Project name:

Цивика Мобилитас

Project description:

На 17 мај 2016, здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје му беше доделен институционален грант од страна на програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас.

Овој двогодишен институционален грант со износ во висина од 32,460 ЕУР има за цел да го поддржи процесот на институционален развој и организациско јакнење на С-Фронт преку спроведување низа активности:

  1. Стратешки развој на организацијата
  2. Активности и настани кои ги адресираат политичките, културните, економските и општествените аспекти поврзани со статусот на ЛГБТИ
  3. Активности на застапување со политичките партии, државните институции и медиумите
  4. Активности на застапување со ЛГБТИ активист(к)ите од Македонија и регионот на Југоисточна Европа
  5. Информирање и едуцирање за ЛГБТИ правата, проблемите и потребите

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).